Коалиција за ПРОМЕНИ И ПРАВДА: Образованите ни ги земаа како „алва“ за да печалат за газдите по Германија, Швајцарија, Шведска…

Од:

Денес, Регионалниот изборен караван на Коалицијата за промени и правда, предводен од Весна Стоименовска, носител на листа во третата изборна единица, оствари средба со граѓаните на Велес, пред кои ја презентираше програмата на Коалицијата за промени и правда, по што одржа прес конференција за медиумите на која рече:

„Видете околу вас. Видете ја сиромаштијата. Ни фабрики работат, ни родители носат деца по градинки, ни деца има по спортските игралишта. Се што беше младо и перспективно замина по белиот свет. Дел извадија странски пасоши и отидоа да бидат обични работници по белиот свет, а образованите ни ги земаа како “алва” за да печалат за газдите по Германија, Швајцарија, Шведска… Размислете кој од Вашите роднини, пријатели, соседи замина… Останаа старците за да ги чуваат домовите и да се прашуваат дали ќе има на кого да ги остават куќите што ги граделе.  Да размислуваат дали ќе имаат прилика да си поиграат или да ги прошетаат со внучињата, да им купат сладолед. И тие деца на современите иселеници засекогаш ќе бидат туѓинци таму каде што сега живеат, и прашање е дали некогаш ќе ја почуствуваат љубовта на своите дедовци и баби.

Ваквата слика низ градовите во Источна Македонија е секаде иста, секаде е присутен феноменот на масовно иселување на млади. Географски најголемата изборна единица демографски старее. Жално е што Македонија станува ледина, наместо да го користи благодетот од бога даден и да го развива земјоделието. Наместо да увезуваме, сами да ги задоволуваме потребите на населението и да извезуваме. Наместо концесии на криминалци на оние кои умеат и сакаат да работат. Субвенции за вистинските производители.

Коалицијата за промени и правда во својата Програма нуди можности за младите да останат и творат тука, во Македонија. Предвидуваме формирање  Фонд за поддршка и вработување на млади и  креативни кадри, во износ од 2% од Буџетот на Македонија. Предвидуваме минимална плата од 300 евра, минимална пензија од 200 евра и секако усогласување на социјалната помош со зголемените животни трошоци. Коалицијата за промени и правда во својата програма се фокусира на развој на домашната економија и производство. Затоа, имаме економска стратегија со која за 5 години ќе се отворат над 30.000 мали и средни претпријатија со од 3-5 вработени“, рече Стоименовска.

Стоименовска се огласи и за сепогласните апели за 63 пратеници и стабилна Влада на двете најголеми политички партии

„Сакам само да ги потсетам граѓаните дека ние 25 години имаме „стабилни влади“ од една партија и видовме што ни се случи. Поединци се збогатија,  станаа мулти милионери додека граѓаните се се посиромашни. Сега имате избор и можност да ја поддржите Коалицијата за промени и правда, како трета политичка сила, која ќе биде гарант за системски промени, правна и економски развиена држава.

Стабилна влада не е апсолутно мнозинство, стабилна влада  ќе биде само онаа што ќе работи одговорно и чесно во интерес на граѓаните. Затоа, ги повикувам сите Велешани, и сите граѓани, посебно неопределените, но и незадоволните и разочараните да дадат поддршка на оваа Коалиција и да го заокружат бројот 5. Да не дозволиме никогаш повеќе една партија да ја узурпира и законодавната, извршната и судската власт. На 11-ти декември сите ние во наши раце ја имаме моќта да пресудиме на неодговорното владеење и да не дозволиме да се повтори. Не заборавајте позади параванот сте сами!

Слободно и без страв побарајте одговорност од оние кои Ве обесправија, ограбија, заплашија и осиромашија, а ние ќе се погрижиме украденото да биде конфискувано и вратено на граѓаните“, вели Стоименовска.

Коалицијата за промени и правда во својата програма предвидува и исти бизнис услови како за странските, така и за домашните компании. Понатаму, предвидува намалување на казните како за физичките, така и за правните лица за 2/3, согласно сегашниот македонски стандард , а не да се плаќаат казни пресметани по европски примања.

Ќе има и низа мерки за ослободување на граѓаните од непотребните давачки, како што е укинување на радиодифузната такса и намалување на судската такса, која сега е превисока и многу граѓани неможат ни да помислат да си го остварат своето право пред Судовите. Предлагаат судската такса да изнесува само 100 денари, се вели во соопштението на Коалицијата за промени и правда.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он