Репрезентациите на Бразил и на Колумбија ќе одиграат пријателски фудбалски натпревар следната година, а сите приходи ќе бидат наменети за семејствата на загинатите фудбалери и членови на стручниот штаб на Чапекоенсе по падот на авионот во кој животот го загубија 71 лице.
Генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Валтер Фелдман, соопшти дека натпреварот би требало да се игра на 22 јануари на стадионот „Маракана“ во Рио.
-Ние ги информиравме ФИФА и КОНМЕБОЛ. Долго разговаравме што ќе биде најдобро и одлучивме да се игра против селекцијата на Колумбија, земја која е на наша страна во овие тешки моменти, изјави Фелдман.
Авионот со експедицијата на Чапекоенсе на пат кон Меделин на првиот натпревар на Либертадорес купот против Атлетико Насионал, се сруши пред крајната колумбискиот град. Во несреќата преживеаја шест лица.