Бразил: Врховниот суд го суспендираше претседателот на Сенатот

Од:

Врховниот суд на Бразил го суспендираше претседателот на Сенатот, Ренан Каљеирос, кој ќе биде кривично гонет поради обвиненије за корупција, изјави портпаролот на Судот.

Врховниот суд минатата недела наложи на Каљеирос (61) да му се суди поради обвинението за проневера на пари, додека тој негира дека користел јавни фондови за плаќање на трошоците на жената, со која има дете.

Во неделата се одржани и демонстрации, чии учесници бараа смена на Каљеирос, клучниот сојузник на брзaлскиот претседател Мишел Темер.

Суспендирањето на претседателот на Сенатот и претстојното судење против него се сметаат за прилично дестабилизирачки за Темер, кој се обидува да ја извлече најголемата латиноамериканска економија од криза, откако дојде на чело на земјата по отповикувањето на дотогашната претседателка Дилма Русеф.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск