И Здружението на лекари по општа медицина со поддршка на штрајкот

Од:

Здржението на лекари по општа медицина (ЗЛОМ)како најстаро и единствено национално здружение на општи и семејни лекари од примарната здравствена заштита денеска излезе со поддршка на штрајкот на лекарите од јавните здравствени установи.

„На седницата на Управниот одбор на ЗЛОМ се донесе одлука за поддршка на штрајкот на лекарите од Јавните здравствени установи на секундарното и терциерно ниво.

– Сметаме дека дијалогот е единствената опција за решавање на натрупаните проблеми во здарвствениот сектор и неговото одложување може да генерира нови проблеми и уште повеќе да го наруши односот лекар пациент и довербата во здарвствениот систем во земјава“, се вели во соопштението на ЗЛОМ.

Би можело да ве интересира

Лекари од странство ќе ни помагаат преку телемедицина

Специјалистите ќе може да продолжат со работа до 70-годишна возраст

Тројца доктори вратиле 25 илјади евра во буџетот, им биле натплатени

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Законот за вработување на најдобрите лекари влегува во сила

Бојчевски: Да се изедначи почетната нето плата на докторите во сите градови