Николовски: Доаѓа живот и за вработените во администрацијата

Од:

Носиме живот во Македонија затоа што во секој град, во секое село, во секое населено место што го посетивме во овај период граѓаните одлучно бараат шанса за нормален живот во својата земја, рече Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3.

На 11 декември гласот на граѓаните за Живот во Македонија ќе им донесе стабилност и спокој на работните места. Вработените во администрацијата треба да знаат дека нема да има отпуштања од работа!

Институциите ќе работат во полн демократски капацитет.

Завршува времето кога администрацијата беше ставена во служба на партијата на власт, доаѓа времето кога институциите ќе бидат во служба на граѓаните.

Со гласот за Живот граѓаните ја имаат моќта да ги ослободат институциите од партиските стеги на неодговорната власт за да можат тие институции да одговорат на нивните потреби.
За да можат граѓаните брзо, навремено и ефикасно да ги завршуваат своите обврски, клучните институции ќе работат во две смени во период од 08:00 часот до 20:00 часот.

Гласот за живот на граѓаните ќе значи држава во која власта не прави притисоци врз своите граѓани и врз вработените во администрацијата.

Граѓаните треба да знаат дека на 11 декември ја избираат иднината и зад параванот одлучуваат сами.

Изборот е преживување или нова шанса за живот! На 11 декември заедно можеме да успееме затоа што веруваме, имаме надеж и визија за Живот во Македонија!

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница