Иранскиот воен разурнувач „Jamaran“ пристигна во пристаништето во Судан

Од:

Иранскиот адмирал Хабиболах Сајари потврди вчера дека разурнувачот од домашно производство, Jamaran, пристигна во суданското пристаниште на Црвеното Море.

„Разурнувачот Jamaran, како наш национален симбол, пристана денес во суданското пристаниште за да испрати иранска порака за мир и пријателство меѓу земјите од регионот”, рече вчера Сајари, пренесува ТВ-Прес.

Да потсетиме, кон крајот на октомври, израелските сили го ракетираа главниот град на Судан, Картум, поточно фабриката за која Израел тврди дека се користи за производство на оружје. Покрај тоа, израелски официјални лица велат дека истата фабрика е под директен надзор на иранската Револуционерна гарда.

Разурнувачот е дел од 23-та флота на Иранската морнарица која беше испратена во областа на Црвеното Море. 22 флота на воени бродови се врати овој месец во Иран, по извршување на 75-дневната мисија во меѓународните води. Флотата, во која беше и носачот на хеликоптери и Карг, беше на крајот на септември во посета на Џибути, со цел да се надгледува движењето на бродовите кои во овие области често може да бидат цел на модерни пирати.

Во последно време, иранската морнарица го зголемува своето присуство во меѓународните води и служи како обезбедување за иранските товарни бродови и танкери. Во согласност со меѓународните напори за борба против пиратите, иранската морнарица патролира во Аденскиот Залив од крајот на 2008 година.

Воениот разурнувач Jamaran произведен е во Иран 2010. Именуван е по северното предградие на Техеран, кое своевремено беше и седиште на лидерот на иранската револуција, Ајатолахот Хомеини. Од таму Хомеини директно му се обраќаше на народот по револуцијата во 1979 година, а името на населбата стана важен симбол за многу Иранци.

Бродот има ножност за слетување на хеликоптер, специјални анти-подморнички системи на вооружување и оружје за борба против копнени и воздушни закани. Се верува дека на бродот се наоѓаат ракети Ц-802 и иранската верзија на автоматски топ О.Т.О. Melara 76mm.

На бродот исто така има модерни радарски системи и можност за електронско војување како и голем број на системи кои се од домашно производство. Бродот е дизајниран за 140 членови на екипаж.

Иранската морнарица последниве години најави изградба на дополнителни бродови од слична класа.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он