Како доближува денот за гласање, се поголем е притисокот врз граѓаните за да гласаат за партијата на власт.
Како и на изминатите избори се прават листи со сигурни гласачи, се бара секој административец да донесе по 10 гласа. Граѓаните веќе се жалат дека се уценувани, заплашувани и поткупувани .
Партиски активисти, како што за А1он вели жител на Прилеп, доаѓаат и агитираат.
„Доколку не им одговориш позитивно, тогаш ни велат дека ќе бидеме снимени со камера зад параванот, а како доказ бараат да сликаме со мобилен телефон или со пенкала-камери како и за кого сме гласале“, вели жителот.
Во Крушево, носител на листа давал по 1000 денари, “да си купеле децата чоколадо“.
-Му ги зедовме парите, ама нема да го гласаме. И други нека ни дадат, ќе земеме пари, ама ќе гласаме за кој сакаме.
Правници за А1он велат дека овој пат ниту познатиот и во изминатите избори “бугарски воз“ овој пат ќе бидат оневозможени. Законски е казниво доколку зад параванот се слика со мобилен телефон или со пенкало со видео камера.
Зад параванот е само граѓанинот и негово е правото за кого ќе гласа. Никој нема да знае која била избирачката волја. Граѓанинот заокружува со сино пенкало и снимањето е забрането со закон.
Секоја злоупотреба на избирачкото право е прекршок и секој кој ќе се осмели ова да го направи ќе биде казнет со казна од 450 евра до 1.500 евра.
И заплашувањето на гласачите, агитирањето со закана е кривично дело.