Предизборен собир на „Алијансата за Албанците“ во Дебар

Од:

Под мотото „Пинаку“, Коалицијата „Алијанса за Албанците” вчера одржа предизборен собир во Дебар на кој ја презентираше  платфрома, како и дел од кандидатите за пратеници во Изброната единица шест и Изборната единица пет.

-Се залагаме за целосна рамнопраност меѓу Македонците и Албанците, двојазична држава, албанскиот јазик да биде во употреба на целата територија на држвата, во  институции, на  валута, во команда. Се залагаме за рамноправна распределба на буџетот, за поквалитетна децентрализација, ќе ги смениме законите и Уставот. Ќе ги решиме монтираните случаи и во затвор ќе ги однесеме оние кои таму однесоа невини граѓани, порача лидрот на ДР-ДПА, Зијадин Села, кој е носител на кандидатската листа за пратеници на оваа коалиција во шестата изборна единица, апелирајќи до дебарчани да не го даваат гласот за ДУИ бидејќи, како што рече, тоа е глас даден за ВМРО-ДПМНЕ.

Носителот на кандидатската листа за ИЕ пет, Сурија Рашити, го обвини ДУИ, за, како што рече, денешната пустош во која се наоѓа Дебар.

-На Дебар и дебарчани им зедоа се, освен душата и широкоградноста. Дебар сега е град на миграција и сиромаштија. Ние сме способни да му го вратиме достоинството на Дебар. Единаесетти декември е денот кога ќе почне да го враќаме достоинството не само на  дебарчани, туку и на сите Албанци, рече Рашити.

Пред своите сограѓани се обрати и лидерот на Унитети, Г’зим Острени, кој рече дека е време да се симнат од власт ВМРО ДПМНЕ и неговиот вазал ДУИ, да им се каже доста е и да се „однесат во најизолираното место во општеството“.

Претседателот на НДП, Весел Мемеди, пак, меѓу другото рече  дека време е Албанците да почнат да гласаат поинаку од претходните изборни циклуси.

Пред дебарчани зборуваа и кандидати за пртеници од двете изборни единици.

Алијасата за Албнците предизборен собир имаше и во Центар Жупа, која припаѓа на изборна единица 5.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он