Груевски: Холандска компанија ќе инвестира во „Агро Лозар“ од Богданци

Од:

Преку компанијата „Ино фрут“ од Холандија планирана е инвестиција во пропаднатиот комбинат „Агро Лозар“ од Богданци, најави денеска на средба со граѓани во ова населено место лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во Четвртата изборна единица на коалицијата Никола Груевски.

Со оваа инвестиција се предвидени, како што потенцира Груевски, 130 вработувања.

Тој најави и продолжување на реализацијата на втората фаза од паркот на ветерни електрани во вредност од 21 милион евра.

– Општина Богданци ќе биде опфатена и со проектот рурални развојни зони со кои се предвидуваат даночни и други ослободувања како и финансиска помош за лица кои сакаат да отворат бизнис во руралните подрачја во Селемил, Стојаково, Ѓавато и Богданци, рече Груевски.

Посочи дека е планирано да се реконструираат патиштата Гевгелија-Богданци-Фурка, Богданци -Гевгелија, Стојаково-Селемлија, како и градба на нови улици во Стојаково. Ќе се изгради и фекална канализација во Селемил. Во Богданци е предвидено отворање на нова детска градинка, ново кошаркарско игралиште, доградба и реконструкција на домовите за култура во Босилово и Радово, изградба на магистрален гасовод Штип-Хамзали-Струмица-Гевгелија со тоа што природниот гас ќе стане достапен за граѓаните на Богданци и другите населени места долж гасоводот.

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е предвидено продолжување со реализација на втората фаза од проектот за наводнување на Јужно вардарската долина за наводнување на новите 4.500 хектари земјоделско земјиште во атарот на Богданци, Гевгелија и Валандово. Оваа инвестиција е во вредност од 20 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик