Шекеринска: Имате едноставен избор – да тонеме или да промениме нешто

Од:

Црвена е љубовта која сите ја чувствуваме кон нашава Македонија, црвена е нашата сила за промени во Македонија и црвената ќе го врати животот во Македонија, ја објасни бојата во оваа кампања Радмила Шекеринска вечерва на митингот на СДСМ во Битола.

– Противкандидатите протрчаа преку Битола и не кажаа каде се новите инвестиции, топлификацијата за 55.000 домаќинства, ни филмскиот ни студентскиот град. Единствено нешто што го направија е да го направат иселувањето и најскапиот ученички превоз. Бегаат од вистината како што се трудат да избегаат од одговорноста за сето зло што и го сторија на Македонија. Груевски призна дека стравот му биле истрагите на СЈО, призна дека ако тој се прашува тоа обвинителство утре треба да престане да работи. Бараат власт за да избегаат од затворските казни кои им висат над глава на секој од нив. Затоа гласот за Груевски и за Милошоски е глас за крај на правната држава во Македонија. Глас за Груевски и за Милошоски е глас за амнестија за најкорумпираниот градоначалник што Битола било кога го видела – рече Шекеринска.

Таа нагласи дека СДСМ се обврзува за подобро образование, за социјални служби кои нема да бидат затворен шалтер, за лекари кои ќе лечат, влада во служба на домашните компании, медиуми кои ќе и служат на вистината и судови кои ќе ја бранат правдата.

– Три града, Битола, Скопје, Тетово се во врвот на најзагадени градови во цела Европа. Секој ден по четворица наши сограѓани го губат животот поради загадувањето и владата вели дека за сето тоа нема пари, а има за мерцедеси. Е тоа сакаме да го исправиме. Знам дека многумина во Македонија изгубиле верба во зборовите, ама за нас зборовите се обврска. Тие ни носат валкан или чист образ – додаде таа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања