Тодоров: Стипендии за магистерски и докторски студии за студенти од семејства со примања под просечните

Од:

Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ се предвидува проект со кој што ќе овозможиме стипендии за магистерски и докторски студии на студентите кои што завршиле со просек над 8,5 или 8,5, а кои што се од семејства кои што имаат примања под просечните, истакна Никола Тодоров, носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ 2.

-Така ќе им помогнеме на оние студенти кои што сакаат да продолжат со магистерски и докторски студии. Бодувањето за критериумите како ќе се избираат овие студенти на кои што ќе им се даде стипендијата во најголема мера ќе зависат од нивната материјална положба, но и од видот на студиите. Техничките науки и медицинските науки ќе бидат привилегирани и ќе носат одреден број на бодови, а 60 бода ќе носи материјалната положба на студентите. Имајќи предвид дека докторските студии понекогаш чинат и до 5000 евра, а магистерските студии исто така одредена сума и тоа е сума која не можат да си ја дозволат некои од студентите, рече Тодоров.

Тој посочи дека се предвидува и продолжување на проектот за доделување на 500 стипендии на талентирани спортисти. Стипендија која се доделува 10 месеци и изнесува 4400 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски