Заев: Од градот под Марковите кули повикувам на голем граѓански митинг

Од:

Имам посебна чест од градот по Марковите кули, да ја повикам цела Македонија, но и прилепчани, да се приклучат на утрешниот голем граѓански митинг. Во недела, во 18 часот, кој ќе се одржи пред Владата на Република Македонија, рече Заев.

Еден голем граѓански митинг, за да повикуваме конечно кон слобода, демократија, правда, за конечно враќање на животот во Република Македонија.

Тргнувањето од Прилеп е во 14 часот, од повеќе локации во Прилеп. Навистина овој историски момент треба да го зграпчиме и да го искористиме.

Да се присуствува на ваквиот мега настан, каде што сите, буквално, ќе почнеме да ја славиме слободата и да се радуваме на животот кој го враќаме во Македонија.

Убеден сум, дека е вредно да учествуваме сите и да бидеме дел од овој голем собир. Ве повикувам, да испишеме заедно убава историја за нашата заедничка иднина, во нашата Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница