Презентирана програмата на Коалицијата за промени и правда во Делчево

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници од Коалицијата за промени и правда во ИЕ бр 3, Весна Стоименовска, денеска оствари средба со граѓаните на Делчево при што презентираше дел од изборната програма на оваа Коалиција.

Порача дека регионалниот изборен караван на Коалицијата за промени и правда, пред сѐ ќе разговара за проблемите со кои се соочуваат граѓаните во овој регион.

– Од она што може да се заклучиме од средбите со граѓаните е дека клучен проблем е иселувањето на младите. Бројките се дека над пет илјади граѓани од Делчево се засекогаш иселени, а бројот на жители е преполовен, додека околу 2.000 мигрираат сезонски за работа. Она што Коалицијата запромени и правда го нуди во поглед на стопирање на иселувањето е формирање на фонд за млади кој предвидува издвојување на два проценти од буџетот, што значи декаќе се даде директна поддршка за вработување млади и стручни кадри. Младите бегаат и поради нискиот животен стандард и поради системот кој овој режим системски ги уништуваше условите запристоен живот. Во поглед на борбата со сиромаштијата и нискиот животен стабдард, Колацијата предлага покачување на минималната плата на 300 евра за што имаме изготвен проект, а средства запокачување на минималната пата има и ќе се обебзедат со кратење на непродуктивните трошоци, силни антикорупциски мерки и со укинување на репрезентациите на функционерите, рече Стоименовска.

Таа истакна дека Колаицијата предвидува инвестиции во инфраструктурата во висина од 800 милиони евра.

-Она што е битно за овој регион е решавања на проблемите со инфратсруктурата. Ние ќе се залагаме за рамномерен регионален развој, бидејќи капиталот не смее да биде концентриран само во Скопје и затоа предвидуваме инвестиција во инфратсруктурата. Во поглед на странските иневстиции и од она што го разговаравме со мадите претприамачите е дека нивните можности за равзој се ограничени и немаат исти бизнис- услови со странските инвеститори. Овде ТИРЗ зоната е празна, инвеститорите не се одлучуваат да инвестираат поради лошата инфратсруктура, но сакаме да потенцираме дека привилегиите што ги уживаат странските инвеститори ќе бидат исти и за домашните инвеститори, потенцираше Стоименовска.

Таа најави дека ќе биде зголемен фондот за исплата на субвенции за земјоделците, а субевнционирањето ќе продолжи и ќе биде насочено кон вистинските земјоделци.

Регионалниот изборен караван на Коалицијата за промени и правда попладнево има средби со граѓаните на Берово.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“