Ѓорчев: Градинки, училишта, вработувања…за поквалитетен живот

Од:

 Носителот на листата за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ во Шестата изборна единица Владимир Ѓорчев денеска најави изградба на градинки во сите општини во оваа единица.

– Во секоја општина на потегот Тетово – Гостивар – Дебар од Шестата изборна единица, без исклучок, ќе изградиме нова детска градинка, бидејќи има потреба и затоа што тоа е помош за родителите. Градинките се и можност децата да имаат рано стекнување на знаења, ран детски развој, социјализација и овозможуваат родителите полесно, послободно да одат на нивното работно место, рече Ѓорчев во изјава за медиумите на стариот пат Тетово – Скопје, кај клучката за Сиричино и Требош.

Најави и изградба на голем број спортски сали, а истакна дека ќе продолжи и набавката на 270 илјади учебници за сите ученици и во основното и во средното обрзование.

– Ќе продолжиме со надоместокот за трето дете – мерка што ја користат повеќе од 20 илјади семејства во државата и што е исто така една солидна помош од државата. Кога се ќе се собере – градинки, училишта, повеќе компјутери, бесплатни учебници, економски зони, повеќе вработувања доаѓаме до поквалитетен живот за граѓаните, изјави Ѓорчев.

Според најавите, Ѓорчев ќе посети дел од жителите на општинскиот центар Брвеница, а средби ќе има и со жители на Гостивар и гостиварско.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски