Груевски: Да се фокусираме на развој без поделби

Од:

Да се фокусираме на она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ, на економски развој, суверена држава, самостојна, независна, унитарна, без кантони, на држава со соживот, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Штип.

Најави нови капитални проекти во сите сфери и за сите граѓани, без каква било поделба по етничка основа.

– Сакаме заеднички да одиме на пред, заеднички да ги решаваме проблемите, да ја подобруваме економијата, да се отвораат нови работни места за сите граѓани на Македонија, и за Македонците, и за Албанците и за Турците, и за Ромите, и за Бошњаците, и за Власите и за Србите,…, рече Груевски.

Обвинувајќи го лидерот на СДСМ Зоран Заев дека турка идеја за редефинирање на Македонија, Груевски предупреди дека ако се направи грешка таа ќе биде кобна и нема враќање назад. – Неколкупати ги повторувам работите со кантонизацијата, двојазичноста, федерализацијата. Го повторувам заради една причина, да не ни се случи грешка, рече Груевски.

Според него, со приказната за фантомските гласачи СДСМ 2,5 години го лаже и потценува сопствениот народ. – Велат дека има 500.000 фантомски гласачи и заради сопствениот и партиски интерес ја пролонгираа кризата на штета на сите граѓани. Затоа на 11 декември ќе ја добијат казната од граѓаните на Македонија, истакна Груевски.

Тој порача дека единствена гаранција за завршување на политичката крзиза е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да добијат 63 пратеници.

Осврнувајќи се на изборната програма најави зголемување на платите во јавниот сектор и на пензиите за најмалку 10,25 проценти, раст на минималната плата до крајот на 2020 на износ од 14.000 денари, а во кожарската и текстилната 13.000 денари, земјоделски советници, 140 нови градинки, субвенции за греење на пелети, мерки за поддршка на стопанството…

Од сработеното во Штип ги истакна ТИРЗ во која се изградени три фабрики, намалената невработеност за 52 процента во изминатите десет години, Државниот универзитет „Гоце Делчев“, доделените 15 милиони евра субвенции за земјоделците. Набавена е и нова опрема за клиничката болница, а почна и изградбата на новата клиничка болница. Реконструирани се пет училишни спортски сали, а повеќе од 5.500 пензиоенри од Штип ги искористиле бенефициите од проектот бесплатна бања за пензионерите. Изграден е и новиот музеј на ВМРО во штипско Ново Село.

Веќе се реализира, нагласи, и изградба на автопатот Штип-Скопје инвестиција вредна 206 милони евра која треба да заврши следната година. – Прво ќе го довршиме автопатот Скопје-Штип, шест ленти, три во еден, три во друг правец, 47 километри, со седум клучки со десет мостови, осум надвозници и пет подвозници… Во Штип ќе се догради и веќе се гради новата Клиничка болница која ќе биде и регионален центар, ќе покрива над 200 илјади жители од Штип и од целиот источен и југоисточен регион на Македонија. Изградбата е од 37 милони евра за штипската болница, со најсовремена медицинска опрема, рече Груевски.

Ќе се доврши, додаде, и изградбата на експресниот пат Велес-Штип во должина од 26 километри и вредност од околу 15 милони евра. Ќе изградиме и два експресни патишта со четири ленти од Штип кон Радовиш и од Штип кон Кочани, а Штип ќе добие и секундарна гасоводна мрежа во 2018 година.

На митингот се обрати и Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија. Тој порача државата да остане на европскиот пат, а за тоа, како што рече, единствена гаранција се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

– Сметаме дека Груевски и неговите досегашни влади сработија неверојатно голема количина на работа во интерес на европската и евроатлантската интеграција на Македонија. Доколку меѓународните политички одлуки навистина се базираа на заслуги и се донесуваа врз база на здравиот разум Македонија веќе пред години требаше да биде примена во НАТО и одамна требаше да бидат почнати пристапните преговори кон ЕУ. Но, верувам дека сработеното и вложените напори ќе вродат со плод, рече Сијарто, потенцирајќи дека Македонија и во иднина може да смета на поддршката на Унгарија.

Илија Димовски, носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во ИЕ3 Илија Димовски рече дека гласот за СДСМ и помалите политички партии ќе биде глас за рушење на Македонија.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја исправила историската неправда спрема источна Македонија со изградба на автопат, клиничка болница, државен универзитет.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот