Богоев: Финален нокаут за Груевски низ цела Македонија!

Од:

„Еден дел од моето детсво го поминав тука, на љуљашките во Капиштец. Чест ми е што во ваше име, во име на младите, токму од ова место можеме да им порачаме на Груевски и фамилијата дека е готово.
Токму младите беа тие кои изминативе години беа најпогодени од политиките на Груевски. Младите се иселуваат. Вашите ќерки и синови не може да најдат работа.
Ние, младите имаме План како да останеме тука.
Ние младите, сакаме нашата држава да ни гарантира вработување, образование, пракса. Нашата држава, Република Македонија да ни гарантира пари за сопствен бизнис, сами да бидеме свои газди – за да можеме да останеме во Македонија.
За да го реализираме сево ова, потребна ни е убедлива победа на 11-ти декември.
Младите во Центар го нокаутираа Груевски, следува финален нокаут низ цела Македонија!”, рече Стефан Богоев, претседател на СДММ и кандидат за пратеник на вчерашниот мини митинг во Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“