Снежните врнежи и ветерот, кои ја погодија Полска, ги оштетија електричните водови и поради тоа 180.000 домаќинства се без електрична енергија, додека железничкиот и патниот сообраќај се блокирани.
Техничарите во Полска се обидуваат да ја вратат електричната енергија во домовите и да ја отстранат блокадата во сообраќајот.
Портпаролот на пожарникарската служба Павел Фронтчак изјави дека пожарникарсите екипи се повикани да ги обезбедат покривите и да помогнат при чистењето на снегот на патиштата.
– Снегот кој падна е мокар, и е во голема количина, и поради тоа гранките се кршат и паѓаат, што претставува закана за автомобилите и пешаците, предупреди Фтонтчак.
Зимското невреме ја погоди Полска синоќа и продолжи во текот на целата ноќ, а според прогнозите, ќе трае неколку денови.