Ѓорчев: Ќе продолжи намалувањето на невработеноста и инвестирањето во Тетовско

Од:

Носителот на листата за пратеници од коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ во шестата изборна единица Владимир Ѓорчев, денеска одржа прес-конференција во Тетово. Главен акцент на неговото обраќање пред претставниците на медиумите беше намалувањето на невработеноста каде, според Ѓорчев, има позитивни бројки и трендови, а најави и нови проекти во таа насока.

– На 1 јануари 2006 година бројката на невработени лица во Тетовско изнесуваше 14 илјади, а сега е 10 илјади. Истовремено бројот на вработените лице е зголемен од 12 илјади во 2006 година на 20 илјади во моментот. Ова се јасни показатели за намалувањето на невработеноста во изминатиот десетгодишен период, но и се поголемото ангажирање на населението односно негово вработување низ Тетовско. Тоа е сериозен успех, но сакаме невработеноста и понатаму да ја намалуваме. Ќе продолжиме со активностите за привлекување странски инвеститори во ТИРЗ Тетово каде ќе се вработуваат луѓе од целиот крај, како и со проектот за рурални развојни економски зони, рече Ѓорчев.

Според него, има два тима односно две гарнитури, и граѓаните на Тетово и Тетовско, но генерално и во Македонија, треба да си одговорат на прашањето кој е тој што ќе може да донесе повеќе инвеститори Никола Груевски или Зоран Заев.

– Никола Груевски има разработен систем за привлекување странски инвестиции, има луѓе околу него, има свој тим, има контакти со стотици и стотици компании и тоа е начинот како ќе ја намалуваме невработеноста во Македонија, како ќе се отвораат нови фабрики и на тој начин со пад на невработеноста ќе имаме зголемување на платите на оние што веќе работат, изјави Ѓорчев.

Предидено е Ѓорчев денеска да одржи мини митинзи во Скудриње и Жировница.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина