Новогодишната елка во Скопје ќе светне вечер во 19 часот

Од:

Град Скопје и годинава, традиционално, за да го разубави амбиентот за претстојните Новогодишни и Божикни празници го украси и декорира централното градско подрачје.

Вечер во 19 часот ќе биде вклучена централната новогодишна елка која е  поставена  на  Плоштадот „Македонија“, а во 18:45 ќе почне пригодна програма од новогодишни песни кои ќе ги изведе хор составен од 180 ученици од повеќе средни училишта на Градот Скопје.

Централната новогодишна елка е виска 21 метар и е  осветлена со  неколку илјади светилки и светлосни фигури во различни бои.

Годинава првпат плоштадот ќе биде декориран и со светлосна фонтана и со светлосен тунел.

Град Скопје информира дека покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и следните улици: булевар „Илинден“ до крстоницата со ул. „Френклин Рузвелт“; просторот пред Владата на Република Македонија; ул. „Даме Груев“; булевар „Партизански одреди“ до крстоницата со бул. „8 Септември“ и платото пред Универзална сала; улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“; булевар „ВМРО“; ул. „Филип Втори“ на потегот од крстоницата кај Специјалната болница за хируршки болести  „Св. Наум Охридски“ до  Т.Ц. „Мавровка“. Ќе бидат украсени и просторот пред Судската палата и бул. „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“до Влада на Република Македонија; Старата чаршија пред националната галерија Чифте Амам; Паркот „Жена борец“; просторот пред црквата „Св. Богородица“; плоштадот „Филип Втори“; пред црквата „Св. Димитрија“; улица „Македонија“; бул. „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“; плоштад Пресвета Богородица; булеварите „Крсте Мисирков“ до крстосница со улица „Цветан Димов“, „Христо Татарчев“ до крстосница со бул. „Гоце Делчев“ до крстоница со улица „Цветан Димов“, „Александар Македонски“ од крстосница со улица „Беласица“ до крстосница со улица „16 Македонска бригада“.

Декорирањето ќе го реализира фирмата Линк Медија која имаше најповолна понуда на јавниот повик и за таа цел  Град Скопје ќе издвои околу 12 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината