Полицаец истепан во кафе бар во Кратово

Од:

Униформиран полицаец бил истепан во саботата во раните утрински часови пред еден кафе-бар во Кратово, откако заедно со свои колеги дошол да интервенира по пријава за нарушен јавен ред и мир.

Како што соопшти МВР,  околу 01,10 часот, во Кратово било пријавено дека на ул.„Браќа Миладинови“ во кафе-бар “Шмеки“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир.

Од страна на униформирани полициски службеници веднаш било излезено на лице место и при воспоставување на редот, од страна на нарушителите Д.М. (27)  и К. Е. (31), двајцата  од Кратово,  бил  пружен активен отпор, при што од страна на  Д. М. физички бил нападнат еден  полицаец, на кого со удар со тупаница и клоца му нанел телесни повреди.

Откако истите  биле доведени во послушност, се приведени во полициската станица во Кратово и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип