Руско МНР: Процесот против Харадинај е воден скандалозно

Од:

Руското Министерство за надворешни работи ја осуди одлуката на Хашкиот трибунал да го ослободи Рамуш Харадинај и процесот против него во овој суд го оцени како „скандалозен“.

Официјална Москва најавила дека ќе побара затворање на судот во Хаг, согласно претходно усвоената резолуција во Советот за безбедност на ОН, јавува Танјуг.

– Процесот против Харадинај е воден во скандалозни околности, се наведува во соопштението  на руското Министерство, нагласувајќи дека „првпат во историјата на меѓународното судство сведоците на ова судење биле под отворен притисок и заплашување, а често биле и физички елиминирани. се тоа се извршувало во атмосфера на тотално безаконие и попустливоста на меѓународните претставници на Косово“.

Во документот се укажува и дека ослободителната пресуда за Харадинај во Хашкиот трибунал, заедно со неодамнешното ослободување на двајцата хрватски генерали Анте Готовина и Младен Маркач, „претставува уште еден доказ за двојните стандарди во работата на овој суд, кога не се казнуваат лица обвинети за злосторства против човештвото и воени злосторства“.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства