Заклетва на 44 американски волонтери од Мировниот корпус

Од:

Четириесет и четворица Американци денеска ќе дадат заклетва пред американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли и официјално ќе станат волонтери на Мировниот корпус, кој во Македонија прославува 20 години од постоењето.

Новите волонтери ќе се приклучат на повеќе од 680 американски државјани коишто биле во Македонија, од отворањето на Корпусот во 1996 година. Новата група волонтери е 21-ва што ќе живее и работи во Македонија.

– Овој настан ќе го одбележи успешното завршување на интензивната 11-неделна обука во која волонтерите го изучуваат македонскиот и албанскиот јазик и култура. По давањето заклетва, новите волонтери на Мировниот корпус ќе ја почнат својата двегодишна служба во заедниците низ Македонија, соопшти Корпусот.

Мировниот корпус е основан во 1961 година од претседателот Џон Ф. Кенеди. Има три цели: да се обезбедат волонтери кои ќе придонесат во развојот на заинтересираните земји преку размена на информации и искуства, да помогне луѓето од земјата домаќин да имаат подобро разбирање за луѓето од Америка и да помогне луѓето од Америка да стекнат подобро разбирање за народите од земјите низ светот.

Преку своите активности, доброволците на Мировниот корпус промовираат мир во меѓународната заедница и подобро разбирање меѓу луѓето од различни култури и традиции.

Би можело да ве интересира

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Калибаф: САД мора да бидат казнени и да ги прифатат легитимните барања на иранскиот народ

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон