По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА денеска организира Отворен ден на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост ПОРАКА Скопје во населба Аеродром.
– Отворениот ден се организира со цел да се подигне степенот на познавање и разбирање на потребите и проблемите со кои се соочуваат лицата со интелектуална попреченост и да се зголеми свеста за позитивните придобивки од нивното вклучување во секојдневниот живот на заедницата. Во текот на отворениот ден ќе бидат презентирани активностите на Дневниот центар, а присутните ќе имаат можност да се дружат со неговите корисници, соопшти ПОРАКА.