Претепан и ограбен старец на улица во Штип

Од:

Повозрасен жител на Штип во петокот попладне бил брутално претепан и ограбен на сред улица од страна на непознат сторител.

Според МВР, разбојништвото се случило вчера во 17,45 часот, во Штип на улицата „Сутјеска“, а мета на нападот бил  Н.К. (76) од истиот град.

Разбојништвото  сторителот го извршил на тој начин што откако го пресретнал Н.К., физички го нападнал удирајќи го со тупаници и клоци и откако го соборил на земја му ги одзел торбите со  намирници од пазар и 3.000 денари.

Н.К. бил  пренесен во медицинскиот центар во Штип каде му била укажана лекарска помош, при што се утврдени телесни повреди во пределот на главата.

СВР-Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип