Попоски: Помали даноците за фирмите кои ќе инвестираат во спортот

Од:

 Носителот на листата во првата изборна единица на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски денеска во Скопје изјави дека во новата програма предвидуваат намалување на даноците за фирмите кои ќе инвестираат во спортот.

– Го изградивме еден од најдобрите стадиони во балкански рамки, а ќе продолжиме со поттикнување на спортот, истакна Попоски.

Во тој дел, како што рече, предвидуваме намалување на даноци и давачки за приватните фирми кои ќе поттикнуваат спортски активности и кои ќе инвестираат во спортот.

– Дополнително имаме предвидено во новата програма и носење странски тренери кои ќе можат да пренесат искуство, да креираат кадар тука и конечно да обучат македонски спортисти кои ќе носат победи за Македонија, рече Попоски.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар