Милошоски: Продолжува проектот „Купи куќа за млади“ со зголемување на старосната граница

Од:

Проектот „Купи куќа за млади“ ќе продолжи и во следните четири години, рече носителот на листата кандати за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

На денешната средба со битолчани, Милошоски појасни дека се зголемува возрасната граница на заинтересирани лица за овој проект, односно лица повозрасни од 35 години.

– Предвидуваме проектот да го користат и лица на возраст над 36 години, а тоа значи дека Владата на Република Македонија за лица кои ќе имаат кредит за изградба на својата куќа, во првите 7 години ќе им исплаќа 65 отсто од ратата, камата и главница и во следните 3 години ќе им исплаќа 35 отсто од таа рата. Доколку на почетокот потребата е поголема тогаш барателот ќе добие 100-процентнта поддршка по однос на уплатата за влогот што треба да го даде при подигањето на соодветниот кредит. Сметаме дека на ваков начин поголем број луѓе, а не само тие до 35 години, туку и тие над 36 години ќе успеат да ја искористат поволноста за изградба на своја куќа, рече Милошоски.

Коалицијата „За подобра Македонија“ вечер во Битола ќе одржи предизборен митинг на кој ќе бидат претставени кандидатите за пратеници од изборната единица бр. 5.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ