Постојат различни култури, а со самото тоа и различни начини на одгледување деца.
1. Солапур, Индија
Фрлање на бебиња е годишен фестивал во Солапур. Бебињата обично се фрлаат од кула, која е висока 15 метри, а оние кои ги фаќаат бебињата држат чаршаф на кој ги пречекуваат. Иако изгледа застрашувачки, досега немало ниту еден несреќен случај.
2. Бали
Во Бали на бебињата не им е дозволено да ја допираат земјата додека не наполнат три месеци. Се смета дека доколку детето ја допре нечистата земја и тоа самото ќе стане нечисто.
3. Источен Кејп во Африка
Кога детето ќе наполни три дена, обичај е да мине низ чад, кој се создава со палење на листови, кои имаат посебен мирис. Интересно е тоа што кога ги пренесуват низ чадот, бебињата не се вознемирени. Се верува дека со овој ритуал децата стануваат храбри.
4. Грција
Во Грција постои обичај на бебето да се плукне три пати за да се истера лошиот дух, лошата среќа и се негативно.
5. Ирска
Традиционално ирските парови по венчавката чуваат парче торта од врвот се до крштевањето на детето. Тортата им се дава на гостите, а неколку трошки од неа се ставаат на челото на детето како благослов.
6. Кенија
Во Кенија родителите не го гледаат во очи своето новороденче, бидејќи сметаат дека тоа е израз на авторитативност и тие не сакаат да му даруваат таква моќ на детето. Мајките секаде ги носат своите деца, но не им се потресуваат кога се вознемирени.
7. Виетнам
Родителите во Виетнам ги навикнуваат децата да вршат нужда на нокшир, со тоа што им даваат свирче и ги учат да свирнат кога ќе почувствуваат некоја физиолошка потреба. Нивните деца кога ќе наполнат девет месеци веќе стекнуваат навика да седат на нокшир, што е една година порано од децата на Западот.
8. Мавританија
Родителите во Мавританија веруваат дека човечката плунка може да впива зборови, па така тие ги плукаат своите деца со зборови на благосостојба. Потоа таа плунка ја размачкуваат по лицето на детето со цел двојно да ја зголемат среќата.
9. Нигерија
Во Нигерија новороденчето се носи во семејно наследената куќа. Еден од поблиските членови на семејството зема одреден зачин, кој малку го џвака, а потоа го става во устата на бебето. На тој начин Нигеријците веруваат дека детето ќе остане силно и здраво.
10. Централна Америка
Во централниот дел на Америка жените припаднички на племето Маи, ги капат своите бебиња во ледено студена вода со цел детето да им биде здраво.