Тројца инфицирани со ХИВ годинава во Штип

Од:

Три нови случаи со ХИВ инфекција се регистрирани годинава во Штип. Директорот на Центарот за јавно здравје-Штип, Велик Грков изјави дека првиот случај на заболен од СИДА во Штип е регистриран во 1987 година.

Посочи дека од тогаш до денеска има 12 заболени, од кои седум се ХИВ позитивни, а осум се болни од СИДА. Тројца од заболените се починати.

– Во Штип имаме три нови случаи од кои два се ХИВ позитивни, а едно лице е починато, рече Грков.

Истакна дека иако живееме во време, кога лесно може да се обезбедат информации за начинот на пренесување на оваа болест, но и како да се заштитиме, сепак, потенцира, се уште постојат непознавања од оваа област, посебно кај младата популација.

– Се прават напори да се запознаат и учениците и младите преку кампањи. Една од тие кампањи е и денешниот ден Светски ден на борба против СИДА-та. Меѓутоа, мислам дека се уште има непознаници кај младата популација. Затоа е потребна едукација која ќе биде континуирана, без прекин, преку медиумите, предавања, потенцира Грков.

Тој додаде дека во Програмата за работа на Центарот за јавно здравје-Штип имаат предвидено да одржат 60 предавања за оваа болест. Апелира оние кои имале ризични сексуални односи да направат тестирање во центрите за јавно здравје.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска