„Зголемувањето / намалувањето на населението во 2014-2015 и во првите девет месеци од 2016 година како и избирачкиот список во 2014 година и 2016 година.
Во Македонија се случува еден невиден парадокс ниту во некоја земја во Европа ниту во светот. Во општините населени со Албанци се забележува постојан пораст на населението, додека од друга страна намалување на бројот на гласачи. Од друга страна, општините населени само со Македонци бележат постојан пораст на смртноста (морталитетот), меѓутоа од друга страна се зголемува бројот на гласачи. Ќе наведеме неколку примери:
Население 2014-2015 | Население 2016 | Гласачи 2014 | Гласачи 2016 | Плус/минус гласачи | |
Битола | Минус 564 | Минус 187 | 80241 | 81496 | Плус 1255 |
Дебарца | Минус 114 | Минус 36 | 4489 | 4675 | Плус 186 |
Охрид | Минус 57 | Минус 19 | 50895 | 52800 | Плус 1905 |
Кичево | Минус 80 | Минус 32 | 46789 | 49786 | Плус 2997 |
Mаврово | Плус 12 | Минус 19 | 9003 | 9618 | Плус 615 |
Ново Село | Минус 117 | Минус 56 | 10432 | 11412 | Плус 980 |
Ресен | Минус 142 | Минус 66 | 16320 | 17011 | Плус 691 |
Јегуновце | Плус 3 | Минус 7 | 9829 | 10033 | Плус 404 |
Чаир | Плус 992 | Плус 426 | 56158 | 53939 | Минус 2219 |
Сарај | Плус 908 | Плус 380 | 29149 | 29031 | Минус 118 |
- БИТОЛА во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 751 жители, додека има 1255 повеќе гласачи.
- ДЕБАРЦА во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 150 жители, додека има 1902 повеќе гласачи.
- ОХРИД во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 76 жители, додека има 1905 повеќе гласачи.
- КИЧЕВО во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 112 жители, додека има 2997 повеќе гласачи.
- МАВРОВО во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 7 жители, додека има 615 повеќе гласачи.
- НОВО СЕЛО во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 173 жители, додека има 980 повеќе гласачи.
- РЕСЕН во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 208 жители, додека има 691 повеќе гласачи.
- ЈЕГУНОВЦЕ во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 4 жители, додека има 404 повеќе гласачи.
- КАРПОШ во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 394 жители, додека има 303 повеќе гласачи.
- КИСЕЛА ВОДА во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 206 жители, додека има 516 повеќе гласачи.
- ЧАИР во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има зголемување на населението од1418 жители, додека има 2219 помалку гласачи.
- САРАЈ во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има зголемување на населението од 1288 жители, додека има 118 помалку гласачи.
- ГАЗИ БАБА во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има зголемување на населението од 343 жители, додека има 702 помалку гласачи.
Овие тенденции се целосно во спротивност не само со статистичките основни правила но и со здравата логика. Се знае дека во општините населени со Албанци, поради високото ниво на наталитет, тоа се должи на поголемиот процент на млади луѓе во споредба со општините каде што процентот на наталитет е понизок, односно општини кои претежно се населени со Македонци.
Затоа, логично е во секој нов изборен циклус да има и зголемување на бројот на гласачите во општините во кои има висока стапка на наталитет, во овој случај бројот на Албанските гласачи, поради тоа што голем број на млади луѓе наполнуваат 18 години и добиваат право на глас. Меѓутоа, во Македонија се случува спротивното, парадокс кој не присилува да се сомневаме дека се подготвува манипулација на следните избори. Овој парадокс е резултат на неспособноста на Албанската владејачка партија да го стави во нормален пат функционирањето на Државниот Завод за Статистика, Државната Изборна Комисија и другите институции кои имаат надлежност во оваа област, како МВР и Министерството за Правда.
За овој парадоксален феномен, Движењето БЕСА ќе ги извести дипломатските претставници во Скопје, мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и другите меѓународни и локални организации кои ги следат изборите.
Мисијата која ја имаме земено во политичката сцена не обврзува да ги ангажираме сите оние кои имаат способност за да ја спречиме девалвацијата на Албанскиот глас. Тие кои направија сценарија за да се манипулира со Албанскиот глас, на 11-ти декември ќе се убедат дека Движењето БЕСА нема да дозволи такво нешто. Оваа не е само наша обврска, но и обврска на секој Албанец, затоа ве повикуваме за зголемување на мобилноста на денот на изборите за да спречиме било каква манипулација“, изјави Блерим Сејдиу, Беса.