Ѓорчев: Ќе се концентрираме на развојот на руралните средини

Од:

Носителот на листата за пратеници од Коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица Владимир Ѓорчев денеска на прес конференција во Тетово најави посета на повеќе села од општина Јегуновце каде ќе ги престави мерките што се предвидени во партиската програма за рурален развој.

– Покрај поддршката од државата, која ќе покрива 60 отсто за набавка на трактори и друга земјоделска механизација, покрај тоа што државата ќе покрива и до 80 отсто за примена на системот Капка по капка и набавка на високоприносен добиток, државата сериозно ќе инвестира во руралните средини. Годишно ќе имаме по 20 милиони евра за селата во Македонија наменети за изградба или обнова на селските патишта, улиците, сокаците, плоштадите, домовите на култура како и домовите за млади луѓе низ овие населени места, така што сериозно ќе се концентрираме на руралните средини и во делот на земјоделието и во делот на развојот на локалната инфраструктура. Со руралните развојни економски зони ќе овозможиме голем број на откупни центри, голем број на стопански погони со што ќе се зголеми вработеноста, а како што ќе паѓа невработеноста и расте бројот на вработени така ќе растат и платите на оние што се веќе вработени, изјави Ѓорчев.

Во рамките на денешните активности тој ги посети селата Раотинце, Туденце, Копанце, Сараќино и Фалише, а за попладне има закажано средба со жители на Тетово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски