Димовски: Забрзано се гради новата Клиничка болница во Штип

Од:

Носителот на листата во третата изборна единица од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска истакна дека забрзано се гради новата Клиничка болница во Штип и оти квалитетни здравствени услуги ќе имаат граѓаните од тој град и од источна Македониија.

– Само изградбата на болницата чини 37 милиони евра и се предвидени дополнителни средства за опрема и апарати. Се работи за 407 медицински апарати, во вредност од околу четири милиони евра. Дополнително за оваа Клиничка болница и по други проекти ќе се набавуваат уште огромен број апарати и опрема, рече Димовски.

Тој потенцира дека овој период во Штип се вработени 80 нови доктори, а огромен дел од досегашниот и од новиот кадар се упатени на едукации, доедукации во странство, како и на специјализации на Универзитетот во Скопје. Досега, како што рече, вкупниот број на нововработени доктори во источна Македонија е околу 200.

– Празнината која се создаде заради проблемите со раководењето на здравството во време на СДСМ полека се покрива и ќе успееме да имаме специјалисти во сите поголеми здравствени установи во источна Македонија, за сите потреби кои што ги имаат граѓаните, рече Димовски.

Тој истакна дека во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на здравството предвидено е да продолжи драстичното намалување на цената на лековите. Потсети дека досега во десет наврати имаше намалување на цената, од 10 до 90 отсто на различни лекови. Со тоа, како што рече, граѓаните заштедија околу 33 милиони евра.

– Во Програмата е предвидено и носење на специјален закон за лекарска служба, со кој на сите лекари и на целиот медицински персонал ќе им се овозможи да се исполнат нивните барања околу нивната работа, нивниот статус и безбедноста при работа за целосно да го вложат своето знаење и својот капацитет, додаде Димовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”