ЛДП: Аргировски свесно ги доведува пензионерите во заблуда

Од:

„Со изјавата за телевизијата 24 Вести, Драги Аргировски го покажа своето вистинско лице, манипулант со што пензионерите ги става во заблуда.

Во предизборниот период на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември 2016-та, различни политички партии потпишаа политички коалиции со кои сакаа да стекнат подобри позиции пред гласачкото тело. Во тие моменти, помпезно се појавува и Драги Аргировски, на чело на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Македонија и без никакви консултации, потпишува Меморандум за соработка со ВМРО ДПМНЕ.

Потпишувањето на Меморандумот преставува акт на политичка соработка. Снимката од потпишувањето неколку дена се емитуваше на повеќе ТВ станици во ударни термини. Со самото тоа се испрати индиректна и суптилна порака до пензионерите за кого да гласаат на претстојните избори.

Во изјавите на неколку претседатели на пензионерски здруженија беше критикувано и осудено потпишувањето на ваков меморандум, што е во спротивност со Статутот на  Сојузот на здруженија на пензионери на РМ во член “10. Сојузот е невладина, непартиска и мултиетничка асоцијација‘‘,  така да со самото потпишување на меморандумот, Аргировски постапил антистатутарно, односно го прекршил законот за невладини организации.  Се прашуваме, зошто, ако Аргировски имал политички амбиции не формирал политичка партија преку која ќе можел слободно да ги реализира своите идеи и проекти.

Исто така, Аргировски никогаш јавно не го коментирал укинувањето на Законот за усогласување на висината на пензиите. Во 2014-та година се воведе линеарно зголемување на пензиите , со тоа што истото во повеќе наврати се спроведуваше и во предизборен контекст“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа