(ВИДЕО) Заев: Ќе има просечна плата од 30.000 денари, доаѓа живот!

Од:

„Добровечер граѓани на Берово, добровечер добри домаќини кои со своето присуство овде на овој студ ги топлите нашите срца. Никој и ништо повеќе не може да ја спречи нашата заедничка желба за живот којашто извира од секој дел на Македонија, а ја гледаме вечерва и овде на овој преполн плоштад, на овој студ заедно желни за живот во Македонија!

Доаѓам од Пехчево, бев и во Крушево и Прилеп, и во Кичево, Демир Хисар, и во Кавадарци, и во Гостивар, и во Македонска Каменица и во Делчево… цели месеци, цели денови поминав со вас, граѓаните, додека ги пишувавме проблемите и мерките за нивно решавање.

И ви носам добра вест! Има одлучност, има надеж и има посветеност, насекаде низ Македонија! Да си помогнеме себе си, да им помогнеме на нашите деца, да и помогнеме на Република Македонија. Од 11 декември почнува животот во нашата Македонија!

За 10 дена, почитувани, ставаме крај на 10-годишниот режим и почнуваме заедно нов, убав, живот во Македонија! Ова е Планот за живот во Македонија, еве го нашиот заеднички План.

5 точки од овој наш План ќе ви го сменат животот на добро.

sdsm-miting-berovo-4

Точка 1. Ќе земате повисока плата! Гарантирам, просечна плата до 30.000 денари, минимална до 16.000 денари за сите!

Точка 2. Домашните фирми финансиски ќе ги поддржиме со 140 милиони евра! Така ќе се отворат нови работни места. Младите тука да работат.

Точка 3. Ќе ги насочиме сите пари кај граѓаните. Еден пример, на секој од вас ќе враќаме по 15 проценти од платениот данок од потрошувачките сметки. Тоа е плата плус годишно во секое семејство.

sdsm-miting-berovo-1

Точка 4. Институциите ќе работат само исклучиво за граѓаните. Како? Еве уште еден пример – ќе воведеме бесплатно болничко лекување за сите! Ничие здравје да не зависи од тоа дали има или нема пари.

И точка 5. Ќе има правда. Секој кој крадел од вас граѓаните, ви крадел од животот! Овој План – е враќање на својот живот! Си го сакате својот живот? Си ги сакате децата во Македонија? Поддржете го овој План и во оваа држава ќе има живот, живот за сите!

Кога го правевме Планот, како да обезбедиме подобар живот за граѓаните, тргнавме од она што ви е потребно, од она што ни е насушно потребно, од заработувачката за живот, за да си обезбедиме и спокој и здравје што сега секој ден ни е на конец.

sdsm-miting-berovo-5

Просечна плата од 30.000 денари, две просечни плати во семејство на двајца возрасни – 60.000 денари ќе го олеснат животот на граѓаните.

Затоа силно ќе ги поддржиме домашните микро, мали и средни претпријатија со 100 проценти поголема државна помош од сега. Да можат дуќанчињата за станат дуќани, фирмичките – фирми, сопствениците, да се развиваат во претпријатија, да можат сопствениците да обезбедат просечна плата до 30.000 денари.

Берово е работнички крај, да знаете, ќе обезбедиме до крајот на мандатот минимална плата за сите до 16.000 денари. Затоа ќе им помогнеме на фирмите. Да можат да отвораат нови работни места, да се намалува невработеноста и да даваат минимална плата, и ќе ја обезбедиме и просечната плата со директни пари кон домашните фирми.

sdsm-miting-berovo-2

Набројав само мал дел од мерките за да знаете сите – вака ќе обезбедиме живот, добар живот овде во Берово, овде во нашата родна земја, во Македонија.

Ете овој План го плаши нашиот политички противник, овој План, бидејќи овој План обезбедува живот за сите во Македонија.

Ако досега се спроведеа петте точки од овој План, ако досега беше обезбедена просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари, немаше Берово да биде испразнет град, немаше младите да ни се заскитани по странски земји, туку ќе работеа овде во Македонија.

За да има просечна плата од 30.000 денари, за да има минимална плата од 16.000 денари, за да живее Спасе добро, за да живее Берово добро, за да живеат граѓаните на Македонија добро, за да има живот.

Подавам рака, носам живот, заедно сите можеме да го вратиме животот во Македонија!

На 11 декември заокружете 4 и гласајте ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител на каднидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 4, на синоќешниот митинг одржан во Берово.

Би можело да ве интересира

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија