Висок пораз на МЗТ Скопје на гостувањето кај Цедевита

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа пораз со 95:61 синоќа на гостувањето кај хрватска Цедевита, пред се поради лошата игра во второто полувреме. Ова беше шести пораз за македонскиот шампион во исто толку натпревари од Еврокупот.

Јуре Лалиќ со 14 и Стефан Синовец со 10 поени беа единствени со двоцифрен ефект во гостинскиот состав кој настапи ослабен без Ксавиер Темс, кој задутре се враќа од САД и ќе биде во составот за следниот меч в недела против Будуќност на домашен терен во рамки на АБА-лигата.

Избраниците на тренерот Анте Назор одиграа солидно во првите две четвртини, но во третиот период нагло падна интензитетот во играта на „сино-белите“ што резултира со убедливи 27:9 за загрепчани.

На табелата водат Гран Канарија и Цедевита со по пет победи од шест, односно седум одиграни натпревари.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос