Во општина Центар Жупа легализирани 570 дивоградби

Од:

Во општина Центар Жупа до сега легализирани се 570 дивоградби или околу 28 отсто од доставените барања.

Во секторот за урбанизам на оваа општина потвруваат дека  во двата рока предвидени за тоа, поднесени се 2.093 барања за легализација.

– Во првиот рок, од 2011 година, според Законот за легализација на дивоградби,  поднесени беа 1.577 барања, додека во вториот рок, по усвојувањето на измените и досполнувањата, од крајот на 2015 до 31 март 2016 година, поднесени се 516 или вкупно 2.093 барања, изјави Шахин Шаќир, раководител на секторот.

Шаќир додава дека од нив позитивни решенија добиле околу 28 отсто, мал број се во постапка, додека дури 90 проценти од нерешените се со некомплетирани документи, односно недоставен геодетски елаборат.

Тој потсетува дека за барањата поднесени во периодот 2011 година, рокот изминува на 31 декември годинава, додека  крајниот рок за легализација на објектите за кои барања се доставени во периодот 2015/2016 година, е 31 декември 2017 година.

– Очекуваме поголемиот број од заостантите барања доставени во првиот рок да бидат докомплетирани по 20-ти декември кога во родниот крај доаѓаат нашинците кои живеат и работат во западно европските земји,главно во Италија,Германија и Швајцарија,- посочува Шаќир.

Би можело да ве интересира

„Се продава културно заградено место до река“: Жител во дивата населба на Бабуна продава плац кој не може да се легализира

A1on

Во гимназијата во Центар Жупа има само 14 матуранти, иселувањето го празни регионот

Жител на село Долгаш без причина тепал дете во училишното игралиште

А1он

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

(ВИДЕО) Цело село во црвена зона поради еден објект: Жители на Горно Врановци не можат да си ги легализираат куќите повеќе од една деценија

A1on

Општина Велес нема да ги урива дивоградбите на Бабуна, ќе спречува да никнуваат нови

A1on