Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ вечер ќе биде промовирана книгата „Слика.Облик. Сон“ од поетот, есеист и преведувач Ефтим Клетников.
– На над 400 страници авторот пишува за значајни појави и личности во сликарство, со посебен осврт на македонските сликари: Љубомир Белогаски, Трајче Јанчески, Илија Аџиески, Васко Ташковски, Павле Кузмановски, Глигор Чемерски, Петар Попчев, Ниче Василев, Владо Георгиевски, Владимир Темков, Омер Калеши, Решат Амети и др., информира „Матица“.
Најновото дело на Клетников ќе го промовира проф. д-р Христина Николовска, а настанот ќе биде збогатен со музички перфоманс на Васил Атанасов и Драган Даутовски.