Ѓорчев: Од 2008 година се засадени 35 милиони дрвја во Македонија

Од:

Носителот на листата за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица, Владимир Ѓорчев учествуваше во денешната акција за пошумување над селото Сиричино во рамки на „Денот на дрвото“. Тој и неговите соработници засадија по една садница црн бор.

Тој посочи дека од 2008 година се засадени 35 милиони дрвја во Македонија, а само годинава дополнителни 2,6 милиони дрвца.

– Сумирано тоа значи 37 милиони засадени дрва во време на оваа Влада и оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наспроти нула во времето на СДСМ. Исто така, предвидувме и 35 проекти со вкупна вредност од 240 милиони евра за заштита на животната средина, субвенции за набавка на печки и котли на пелети во висина од 30 илјади денари и субвенции до 70 отсто, како и носење гас во тетовско- гостиварскиот регион со што стопанските капацитети ќе бидат еколошки поприфатливи, цената на енергенсите пониска, стопанството покомпетитивно, нови работни места, а исто така ќе се овозможи поеколошко затоплување на домовите, рече Ѓорчев.

Додаде дека станува збор за сериозни проекти кои се во насока на зачувување на животната средина.

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он