САД го осуди израелскиот план за изградба на нови еврејски населби

Од:

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон го осуди објавениот план од страна на Израел за изградба на нови 3.000 еврејски домови во Источен Ерусалим и на Западниот Брег, оценувајќи дека ваквиот чекор ќе го оддалечи постигнувањето на мир со Палестинците.

Израел вчера го објави планот како соодветна мерка откако ОН им даде на Палестинците статус на држава набљудувач, нечленка.

– Ќе потсетам дека сегашната администрација, како и претходните, многу јасно му даде до знаење на Израел дека изградбата на еврејските населби претставува само пречка на целта за постигнување мировен договор со Палестинците, изјави Клинтон на прес-конференција во Вашингтон во присуство на израелските министри за одбрана и за надворешни работи, Ехуд Барак и Авигдор Либерман.

Таа нагласи дека директните мировни преговори меѓу Израел и Палестинците се единствениот начин да се постигне решение. Клинтон додаде дека светот треба да ги убеди Палестинците дека директните преговори со израел не само што се најдобриот, туку се и единствениот пат кон независна држава, за која тие мечтаат.

– Америка ја поддржува целта за палестинска држава, која живее во мир и безбедност со израел, но гласањето оваа недела во ОН нема да ги донесе брзо Палестинците до таква држава, туку само ќе доведе до нови предизвици за системот на ОН и за Израел, предупреди американскиот државен секретар.

Белата куќа синоќа, исто така, ја осуди одлуката на Израел за изградба на еврејски домови, оценувајќи дека тоа е контрапродуктивно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег