Шест лица ја преживеале авионската несреќа во Колумбија

Од:

Колумбиската служба за цивилно воздухолпловство соопшти дека најмалку шест лица ја преживеале авионската несреќа, во која утринава загинаа над 70 лица, вклучувајќи и поголем дел од бразилски фудбалски клуб, пренесоа американските медиуми.

Меѓу преживеаните има тројца играчи на бразилскиот фудбалски клуб Чапекоензе, двајца членови на екипажот на урнатиот авион и еден новинар.

Бразилскиот претседател Мишел Темер издаде указ за тридневна национална жалост во спомен на жртвите на авионската несреќа во Колумбија, посочуваат британските медиуми.

Британската служба за истраги на воздухопловните несреќи соопшти дека ќе испрати своја екипа од експерти кои ќе треба да им помогнат на колумбиските власти во истрагата за несреќата.

Се очекува тричлената екипа истражители утре да пристигне на местото на несреќата. Истрагата ќе ја предводат колумбиските воздухопловни власти, а Велика Британија ќе учествува како земја во која е произведен авионот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск