Забрана за движење на тешки товарни возила од девет часот изутринава е воведена на магистралниот пат А3 Ресен-Битола, на превојот „Ѓавато“, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Се уште се во сила и забраните за камиони на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и обратно.