Во денешно време кога многу девојчиња сакаат да бидат „идеални“ за да бидат прифатени во друштвото, улогата на родителите во зајакнување на самодовербата е од пресудно значење.
Ако забележите дека вашата ќерка не е задоволна со своето тело, обидете се да и помогнете. За да биде здрава и правилно да се развива мошне е важно на време да и укажете на нејзината убавина и нејзината единственост.
Следуваат најдобрите начини, на кои ќе и помогнете на вашата ќерка да го засака своето тело:
1. Немојте да дозволите вашата ќерка да слушне дека вие сте незадоволни со своето тело
Избегнувајте ги речениците, со кои го критикувате своето тело. Сите девојчиња ја доживуваат својата мајка како најубава и најдобра жена, која ја познаваат. Вие за нив сте „супермен“, кој лекува кога нешто ќе ги заболи, некој кој се грижи за нивното јадење и некој, кој секогаш ќе биде тука за нив. Речениците со кои го критикувате својот изглед и тело, ја нарушуваат таа убава слика и така тие ќе почнат да гледаат негативно и на своето тело.
2. Кажете и да го сака своето тело
Предложете и на ќерката да се види во огледало и да открие што сака на себе. Обрнете и внимание на нејзината природна убавина, која ја поседува и водете сметка секогаш да бидете искрени.
3. Научете ја дека староста не е ништо лошо
Појаснете и колку значење имаат исхраната и физичката активност за телото и дека со здравиот начин на живот, тоа останува во добра форма, без оглед на годините.
4. Дозволете нејзиниот татко да и направи фризура
Можеби мажите не се најстручни во правењето фризури, но бидете сигурни дека тоа на неа ќе и биде незаборавно искуство. Секое девојче го гледа својот татко како еден од најсилните луѓе, така што вашата ќерка ќе знае да ги цени заедничките моменти.
5. Дозволете и на вашата ќерка да се занимава со спорт (и да се извалка)
Родителите често ги доживуваат своите ќерки како мали принцези. Секако дека тие се тоа, но понекогаш е потребно да си играат во кал и да добијат неколку модринки. Така ќе научат дека физичката активност е поважна, отколку идеалниот холивудски изглед.
6. Ограничете ги тинејџерските филмови и списанија
Тешко дека вашата ќерка ќе се чувствува добро во своја кожа ако пред себе има многу слики на идеални девојки, кои се грижат за секоја внесена калорија. Понекогаш е добро да гледа списание или популарен филм со друштвото, но обрнете внимание да не се претерува за тоа.
7. Научете ја ќерката дека добрата физичка форма е многу попривлечна од слабото тело
Се почестите се нарушувањата, кои ги погодуваат тинејџерките, како и малите девојчиња, кои се уште се навикнуваат на своето тело. Научете ја на време својата ќерка дека лошата исхрана може да предизвика оштетување на кожата, косата и ноктите, односно на целото тело. Предложете и да се занимава рекреативно со некој спорт, кој таа го сака. На тој начин брзо ќе увиди дека со физичката активности добро го оддржува телото.
8. Не форсирајте ја да се смее (секогаш да биде среќна)
Дозволете и на својата ќерка слободно да ги изразува чувствата. Жените обично се смеат за да ги скријат вистинските чувства, а на тој начин пропуштаат шанси да ја добијат неопходна помош во некои тешки моменти.
9. Дозволете и да има свој стил
Не ја претворајте во ваша втора верзија. Таа е млада и природно е да сака да истражува и пуштете ја да го пронајде стилот кој и одговара.
10. Сакајте ја таква каква што е
Никогаш не правете шеги на сметка на нејзините слабости или неколкуте килограми вишок. Сакајте ја таква како што е и секогаш повторувајте и колку ви е важна во животот.