(ВИДЕО) Потпишаните судии против Владимир Панчевски дојдоа во Судскиот совет

Од:

Судиите потпишани на претставката против претседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски се појавија по повикот од Судскиот совет. Таму дојдоа десетина судии од потпишаните петнаесетина, меѓу кои Васил Динковски, Александра Ристеска, Огнен Ставрев, Пајазит Пајазити, Седат Реџепагиќ, Илија Трпков. Не се појави претседателот на Кривичниот суд кој и покрај сите скандали, упорно сака уште еден мандат, Владимир Панчевски.

Судскиот совет преку соопштение пред два дена ги повика судиите денеска да дојдат и да се сретнат со Комисијата на Судскиот совет надлежна за Кривичниот суд. Судиите потписници се жалат на лошата состојба во најголемиот македонски суд токму пред изборите за нов претседател на кои се пријавија тројца кандидати.

Досега во јавноста овие судии не излегоа со изјави туку само напишаа соопштение и претставка која ја доставија до Судскиот совет. Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски кој го штити Владимир Панчевски, изјави тогаш дека гледа само потписи, а не и имиња и презимиња на судии кои стојат зад претставката против Панчевски.

Тој, заедно со Владимир Туфегџиќ и Иван Џолев кој му поднесе кривична пријава, се кандидати за нов претседател на Кривичниот суд.

Би можело да ве интересира

Тошковски за акцијата во Судскиот совет: Премногу е рана фазата за да навлегуваме во детали

Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје

А1он

МВР врши претреси во Судскиот совет, се бараат записници поврзани со мандатот на Дамева

Горан Наумовски

МВР упадна во просториите на Судскиот совет

Горан Наумовски

Кузеска: Скандалозен е изборот на сопругата на градоначалникот на Радовиш за членка на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски

Судиите Аритон Ала и Данка Ристова нови членови на Судскиот совет