Димитриев во посета на општината Чешиново-Облешево

Од:

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска ја посети општината Чешиново Облешево, каде што се сретна со градоначалникот Костадин Личков, и имаше средби со жителите и со земјоделци оризопроизводитрели.

На средбата со градоначалникот станало збор за реализација на започнатите проекти во општината меѓу кои приоритет е даден на патниот правец од Штип кон Кочани кој поминува низ оваа општина.

На средба со земјоделците оризопроизводители Димитриев ги истакна новите мерки на владата за унапредување на земјоделството и селото.

– Ќе настојуваме оризопроизводителите да ја добијат вистинската цена на оризот што ја бараат. Токму затоа утре на тој терен ќе претстојуваат претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Државниот инспекторат кои на лице место треба да утврдат дали е започнат откупот на арпата и белиот ориз од годинашнава реколта. Ние се залагаме откупната цена за килограм арпа да биде од 18 до 22 денари, истакна Димитриев.

Тој најави и нови поволности за земјоделците и притоа посочи дека за системите капка по капка, тие ќе имаат државни субвенции во висина од 80 проценти. За изградба на системи за наводнување ќе се вложат 140 милиони евра, рече, а за купување земјоделска механизација односот ќе биде 60:40 со поддршка на државата.

За развој на малите рурални места, отворање на бизниси и вработување на невработени и стечјаци Владата, рече Димитриев, ќе го поддржи овој сектор со доделување на 2.000 односно 4.000 евра за невработено лице односно стечаен работник.

Димитриев имаше средба и со жителите на неколку населени места од општината Чешиново – Облешево.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски