Груевски во Василево презентираше нови проекти за земјоделството

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во 4. Изборна единица Никола Груевски денеска пред жителите на општина Василево ја презентираше Изборната програма за следниот четиригодишен период во која, како што рече, голем дел е посветен на развојот на земјоделството.

Тој нагласи дека станува збор за крупни проекти со кои имаат сериозна намера да го зајакнат македонското земјоделство како во поглед на квалитетот, така и во поглед на извозот и македонскиот земјоделец да стане конкурентен на пазарот.

Груевски посочи дека во Програмата се предвидува поддршка за отворање органски продавници со тоа што 50 проценти ќе бидат финансирани трошоците за опрема до максимални 60.000 денари, а исто така се предвидува и 50 проценти поддршка за производство и употреба на зелена енергија и за заштита на квалитетот на земјоделските производи.

Како дел од Програмата, тој ги презентираше и проектите со кои се предвидува 60 процентно финансирање за набавка на нова земјоделска механизација, како и 60 процентна поддршка за осигурување на земјоделските посеви, притоа апелирајќи до земјоделците да ја искористат оваа можност и да ги осигуруваат своите посеви во услови кога се повеќе се очекуваат поплави и суши.

– Ова не се само предизборни ветувања, туку ова е долгорочна стратегија каде ќе се движи нашето земјоделско производство. Верувам дека тоа е правецот по кој треба да се движи македонското земјоделство во наредните години. Чекор по чекор луѓето ќе ги користат мерките и ќе се менува структурата на македонското земјоделство, истакна Груевски.

Пред жителите на Василево беа презентирани и придобивките од проектот „Рурални развојни зони“, 80 процентната финансиска поддршка од државата за инсталирање на системот „капка по капка“ и исто толкава финансиска поддршка за набавка на високоприносен добиток.

За подобро искористување на ИПАРД средствата се планира формирање на фонд кој ќе обезбеди гаранција за хипотеката на земјоделските кредити во висина од 50 проценти од износот, а со 50 проценти ќе се субвенционираат каматните стапки за ИПАРД инвестициите.

Како дел од Програмата, преку проектот „Агро-тирз“ се предвидуваат и голем број поволности за отворање центри за откуп и дистрибуција на свеж зеленчук и овошје.

Осврнувајќи се на проектите што се планираат во општина Василево, Груевски ги спомена реконструкцијата на браната „Турија“ со што ќе се овозможи наводнување на поголеми површини, потоа реконструкција на патишта, изградба на нова детска градинка и две кошаркарски игралишта.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”