ВИДЕО: Додека Груевски зборува, народот масовно си оди

Од:

На синоќешниот централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, масовно со автобуси беа носени луѓе од сите краеви на Македонија.

Администрацијата од Скопје, наставнички, учителки, лекари беа предупредени дека мораат да дојдат на митингот. Но, според ова видео, а и според многу очевидци, луѓето не беа дојдени за да ги слушаат пораките на митингот туку да бидат обележани и избројани.

Видеото е снимено во 21:05 кога на бината зборуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Додека Груевски зборува, народот масовно си оди. И неговите му го свртеа грбот. Снимка од 21:05“, напиша Дамјан Манчевски на својот фејсбук профил и сподели видео.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина