Коштуница: Границата со Косово пресвртница за Србија

Од:

Нема поголемо прашање за Србија од воспоставувањето на границата со Косово и тоа е преломна точка што ќе ја одреди судбината на земјата, изјави претседателот на Демократската партија на Србија (ДСС), Воислав Коштуница, и укажа дека најголема должност на Србија е да се спречи воспоставување на границата.

Западните сили го избраа овој момент, на Србија да и зададат тежок удар, рече Коштуница за “Денес”.

– Тоа беше должност на Србија и пред ослободувањето на Рамуш Харадинај, а потоа, тоа е уште поголема обврска – истакна Коштуница одговарајќи на прашање дали ослободувачката пресуда на Харадинај би можела да го втурне во втор план почетокот на спроведувањето на бриселскиот договор за интегрирано управување со премините.

-Силно се залагам Србија да упати барање до Советот за безбедност на ОН да ги суспендира преговорите под надзор на Брисел и преговорите да се вратат во целосен мандат на Советот за безбедност, како што е одредено со Резолуцијата 1244 – рече Коштуница.

– Ако владата воспостави граница со Косово, тогаш веќе не е потребна никаква платформа, рече Коштуница, и порача оваа Влада без двоумење да го одбие воспоставувањето на границата, како што тој своевремено го отфрли планот на Ахтисари.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор