„Рециклираме и се наградуваме“ – акција во Ѓорче Петров

Од:

Општината Ѓорче Петров во соработка со компанијата „Елколект“ од денеска ќе почне да ја спроведува акцијата „Рециклираме и се наградуваме“.

Целта на акцијата е да се подигне јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на електронски отпад, имајќи предвид дека овој отпад во себе има опасни материјали штетни за човекот, како и забраната да се фрла по контејнери заедно со комуналниот отпад.

Граѓаните, како што велат од општината, кои имаат неупотребливи електрични апарати, компјутери, монитори, телевозори и правосмукалки, својот опасен отпад може да го употребат за купон за учество во наградната игра.

Потенцијален добитник на една од трите награди: Лап-топ ХП, Телевиизор „Хундаи“ лед и правосмикалка „Горење“, е секој полнолетен граѓанин кој за времетраењето на наградната игра ќе достави електричен или електронски отпад на локацијата каде е поставен црвениот еко-магацин на „Елколект“.

Во општината Ѓорче Петров, еко – магацините на „Елколект“ се поставени во дворот на општината Ѓорче Петров и кај забавното игралиште пред мостот кон Волково, а отпадот може да биде оставен секоја сабота во неделата.

За секој поединечен апарат, учесникот ќе добие по еден купон, а пак одредени видови опрема како големи домашни апарати, опрема за информатичка технологија и телекомуникација, електричен и електронски алат носат и по два купона.

Акцијата започнува денеска, а извлекувањето на наградите е на 19-ти декември. Резултатите од извлекувањето ќе бидат објавени на веб страниците на „Елколект“ и општината Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска