Ѓорчев: Овие избори се референдум за Македонија

Од:

Во рамките на своите денешни активности во полошко, носителот на листата за пратеници во шестата изборна единица од Коалицијата „За подбра Македонија“  предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев ги посети тетовската населба Колтук и црквата „Свети Никола“.

– Граѓаните на Тетово цврсто стојат на позоциите на македонска државност, на позиците на унитарност на Македонија и на позициите на уставниот поредок што тука во Колтук луѓето знаат што значи за оваа држава. Овие избори се поинакви од изборите досега бидејќи овие избори се референдум за Македонија. Ако во 1991-та година референдумот беше за создавање на независна Македонија овие избори во 2016-тата година се референдум за сочувување на Македонија,  рече Ѓорчев.

Тој со соработниците ги посетија планинските села во состав на општина Боговиње, Урвич и Јеловјане, каде се сретна и поразговара со жителите, од кои дел се Македонци со исламска вероисповед.

– Атмосферата е навистина добра при контактите со жителите и нивните прашања додека ја претставуваме нашата програма. Она што е навистина добар податок е дека на минатите избори пред две години имавме за првпат победа и во Урвич и во Јеловјане и историски рекорден најдобар резултат. Овојпат очекуваме уште подобар резултат и уште поголем број на гласови и сите најави се во таа насока. ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата од 25 политички партии и сега очекува победа и во Урвич и во Јеловјане бидејќи приемот на луѓето е навистина добар и топол, рече Ѓорчев.

Имаме намера, додаде тој, да реализираме поголем број проекти овде кои се поврзани со патот, здравството, безбедноста на граѓаните, со училиштето, образованието…

Во придружба на Ѓорчев беше и кандидатот за пратеник Ерол Исаили кој потекнува од Урвич и кој како претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за општина Боговиње исто така најави голема победа во двете шарпланински високопланински села.

Според програмата Ѓорчев со соработниците попладнево ќе се сретне и со претставници од турската заедница во гостиварската општина Врапчиште.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО