(ВИДЕО) Пендаровски: По 11 декември младите ќе добијат шанса за живот во Македонија, а не во странство

Од:

„Белата чума си го зема својот данок, иселувањето има неверојатни пропорции. Изминативе 10 до 12 години според податоци на Светска банка 600.000 луѓе се иселени од Македонија, претежно млади и паметни деца. Тоа е повеќе од четвртина од целокупната популација. Македонија немала никогаш ваков бран на иселување, дури ни во првите години од независноста кога околу нас, на балканските простори беснееја војни.

Здружената опозиција на чело со СДСМ има намера ова да го прекине, со тоа што ќе даде можности за младите луѓе да остануваат тука, својата креативност и енергија да ја вложуваат во Република Македонија, а нешколувани, заокружени профили, професионални кадри да одат во странство и таму да допринесуваат за развој на туѓи држави.

Значи по 11 декември ние се обврзуваме да ги измениме законите каде што е тоа неопходно, и да донесеме конкретни политички мерки и решенија кои ќе им овозможат на младите луѓе, пред се тука да ја реализираат својата креативност, својата енергија, идеи и решенија, и дури потоа ако тука немаат шанса, да се обидат во странство.

Сега, владеачката партија им овозможува шанса за вработување само на оние кои се членови на владеачката партија, сите други се граѓани, не од втор, туку од десетти ред, и сосема е логично зошто младите луѓе бегаат од сопствената татковина, било каде во Светот само да не бидат тука, бидејќи нивната земја не им дава шанса за сопствена реализација“, изјави Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалиција во ИЕ 1.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски