(ВИДЕО) Спасовски: Во Планот за живот имаме јасна цел – просечна плата од 30 000 денари

Од:

„Македонија предолго беше заложник на мала група неодговорни луѓе. Власта во заминување десет години ги кршеше и човековите и работничките права. Кон работниците се однесуваше робовладетелски. На странските инвеститори им ги нудеше како заменлива и евтина работна сила.

Додека платите во регионот растеа, платите во Македонија тонеа. Благодарение на власта на ВМРО-ДПМНЕ која мислеше само на сопствените интереси, денес работниците во Македонија имаат една од најниските плати во Европа и најниска минимална плата во регионот.

Нема да дозволиме да не се почитува и цени трудот на работниците. Нема да дозволиме да се погазуваат правата на граѓаните во Македонија. Затоа во Планот за живот Македонија се обрзвуваме – Во првите четири месеци од мандатот ја зголемуваме минималната плата на 12 000 денари. И таа ќе биде толку и во текстилната и кожарската индустрија. Работниците во овие индустрии со години се дискриминираат и земаат помалку од законски пропишаната минимална плата. За да ја постигнеме оваа мерка ќе ги помогнеме и компаниите со по 1900 денари месечно за секој вработен, за секоја фирма да може да подели минимална плата без да има дополнителни трошоци.

Преку овој План за живот имаме јасна цел за платите. До крајот на мандатот минималната да изнесува 16 000 денари, а просечната плата да биде 30 000 денари. Просечна плата од 30 000 денари значи семеен буџет од 60 000 денари или 1000 евра во семејства каде што има двајца вработени. Тоа е пристоен семеен буџет кој ќе овозможи пристоен живот и покриен месец. Тоа се месечни приходи кои граѓаните, чесните и работливи граѓани ги заслужуваат.

Со овие мерки планираме да го покачиме животниот стандард но и да го спречиме масовното иселување кое се случува во цела Македонија а особено тука во Куманово и Кумановско.

Ќе го спречиме иселувањето, ќе го спречиме малтретирањето на работниците. Ќе ги поразиме лажните проекти и ветувања на Груевски и фамилијата. На 11 декември ќе ги покачиме платите затоа што работниците тоа го заслужуваат, затоа што граѓаните заслужуват живот тука, во Македонија“, изјави Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ2.

Би можело да ве интересира

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија